(ВИДЕО) Патнички авион се урна во езеро во Танзанија – спасени се 26 патници

Танзаниски патнички авион се урна во езерото Викторија, јавува Би-би-си.

Во авионот имало 43 луѓе, а 26 се спасени и пренесени на болничко лекување, изјавил локален претставник за Би-би-си.

Спасувачите и локалните пожарникари се на местото на несреќата и трагаат по преживеани.

Авионот патувал од најголемиот град во Танзанија, Дас ес Салам, до Букоба, а според извештаите, тој влетал во силна бура. Леталото е во сопственост на најголемата приватна авиокомпанија во земјатата, Пресижн.

Претседателот на државата преку социјалните мрежи повика на смиреност

Back to top button
Close