(ВИДЕО) Пендаровски: Делчев како историска фигура ги надминува регионалните граници, зошто тогаш да не го слави и Бугарија

Гоце Делчев е историска фигура која ги надминува регионалните граници, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, посочувајќи дека, поради тоа, не е спорно која била држава да ги слави и чествува ликот и делото на револуционерот. „Тоа што не двои треба да треба да не обединува. Ако тие тврдат дека тој бил Бугарин кој се борел за бугарската кауза, не е спорно да го слават како битен историски лик“, изјави Пендаровски, како одговор на новинарско прашање, по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност.

Претседателот посочи случај кога „голем македонски националист“ положил цвеќе веднаш по подигањето на споменикот на Скендер бег во Скопје, со објаснување „па тој е наш“. „Дали за сите историски ликови треба да се расправаме чии се и за кого и за што дејствувале. Дали треба да спориме, на пример, дали Мајка Тереза била Албанка или Македонка или скопјанка “, изјави Пендаровски

Извор:360.мк

🔴ВО ЖИВО | Изјава по осмата седница на Советот за безбедност

🔴ВО ЖИВО | Изјава по осмата седница на Советот за безбедност

Stevo Pendarovski 发布于 2020年9月23日周三

Back to top button
Close