ВИДЕО Полскиот премиер Туск итно евакуиран откако на бината била фрлена димна бомба

Полскиот премиер Доналд Туск итно беше евакуиран од бината откако на сцената, каде што се наоѓаше заедно со холандските домаќини, беше фрлена црвена димна бомба.

Туск се наоѓаше во Вагенинген по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето од окупацијата на нацистичка Германија.

Обезбедувањето на полскиот премиер брзо реагираше и го симна Туск од бината, додека домаќините останаа зачудени да видат што се случува.

 

Back to top button
Close