(Видео) Повторно силен земјотрес регистриран на Тајван

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Тајван, само еден ден по земјотресот од 6,8 степени.

Земјотресот бил на длабочина од седум километри, а епицентарот бил на околу 42,7 километри северно од округот Тајтунг, источен Тајван.

По вчерашниот силен земјотрес имало повеќе последователни потреси, од кои некои биле со интензитет од 5,6 и 5,9 степени што предизвикале помала материјална штета.

Тајван на 21 септември 1999 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа над 2.400 луѓе.

Back to top button
Close