ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, интервју со Тито Петковски: Кога ќе загусти пред избори, се креваат националистички тензии

 

Основачот и почесен претседател на НСДП, долгогодишен политичар, пратеник и претседател на Собранието, претседателски кандидат на СДСМ во 1999 година – Тито Петковски е гостин во поткастот „Политиканти“

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга со Петковски, со оглед на неговото големо искуство во македонската политика, како ветеран на македонската политичка сцена, поразговараа и за минатото, но и за иднината, за она што може да се очекува во периодот што следува.

Кога и што се згреши за Македонија да не биде попристојно место за живеење? Каде и како беше падот на социјалдемократијата како идеологија во Македонија? Зошто експретседателот Бранко Црвенковски молчи со години? Дали тој стои зад Максим Димитриевски? Како Петковски ја оценува десната, конзервативна политичка струја и ВМРО-ДПМНЕ? Зошто ако е против еднонационални партии, сепак коалицираше и направи влада со ВМРО-ДПМНЕ? Зошто САД го поддржаа Груевски да формира влада?

Зошто Петковски мисли дека со Охридскиот договор престана можноста за стабилна и перспективна Македонија? Кои се причините што СДСМ сега ги губи изборите и зошто смета дека е сосема возможна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и покрај запаливата предизборна реторика?

За овие прашања и многу повеќе што не било кажано во јавноста досега гледајте во новото издание на поткастот „Политиканти.мк“на Слободен печат.

Back to top button
Close