Видео: Прилеп поплавен од силното невреме
Силното невреме кое го зафати пелагонискиот регион направи проблеми во Прилеп.
Според информациите од таму, градот е поплавен, а реки вода течат по улиците при што движењето со автомобил е невозможно.
Невремето го зафати пелагонискиот регион околу 15 часот.
Краток пороен дожд поплави подвозник на влезот од Прилеп, каде биле заглавени два автомобили, а акумулирана вода имало и по градските улици. Состојбата за брзо е санирана, потврдува за „Макфакс“ прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Тој посочува дека немало штети, ниту проблеми.
„Под подвозникот имало два автомобили, за кои, од Противпожарната бригада ме известија дека биле брзо извадени. Во градските подрачја, шахтите за кратко ја собрале акумулираната вода од улиците. Побарав информации од сите места, состојбата е насекаде стабилна“, вели Јовчески за „Макфакс“.
Изминатите денови, во неколку наврати, УХМР извести дека се очекува нестабилно време во повеќе делови на Македонија.