(ВИДЕО) Проговори уште една жртва на насилникот од Радовиш

„Минатата година во месец март првпат се запознав со човекот и оттогаш започнаа сите напади врз мене. Ме имаше фатено за врат, ме малтретираше и тепаше. Јас плачев, викав на цел глас, но се беше залудно, никој не можеше да ме слушне. Во август месец во исто време нѐ имаше тепано со жртвата од виралното видео на ТикТок.

Живеам во странство веќе пет години, но се вратив во Македонија минатата година во март. Тогаш се запознав со него, бев крвнични малтретирана. Веднаш следниот ден го пријавив случајот. Према него имам гнев и многу се плашам бидејќи ѝ се закануваше на мојата фамилија, на сеста ми и на мајка ми. Со него ќе се видам на судење на 8 април“, изјави поранешна жртва за Мета.мк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by META.MK (@meta_mk)

Младата В.Г. (19) која била малтретирана од истиот маж, објави видео во кое изјавува дека ова не е прв случај тој крвнични да малтретира жени. Според изјавата која што е објавена на стар ТикТок профил на лицето „Александар Ангелов“ (35) од Радовиш, жртвата тврди дека ова е веќе четврт случај на малтретирање на жени.

Станува збор за истиот  маж од кој кружеше видео на социјалните мрежи на кое се гледа како тој крвнички тепа жена додека е вклучен во живо.

Тој веднаш беше приведен, но МВР подоцна го пушти на слобода бидејќи, како што велат, нема доволно докази за негово задржување. Лицето беше приведено на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон. Сегашната најнова жртва, неофицијално, не сака кривично да го гони насилникот.

Back to top button
Close