(ВИДЕО) Протест против молкот на власта за Кочоска- СДСМ нема да учествува на седница ниту во Клубот на пратенички
Соопштение на СДСМ:
Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, ја изразуваме нашата почит и благодарност кон сите жени кои се бореле и кои и денес се борат за еднакви права и подобра положба во општествотоСобранието на Република Северна Македонија, токму во таа насока, веќе трета година по ред одржува пленарна седница посветена на прашањата за родовата еднаквост, иницијатива која започна во 2022 година кога парламентарното мнозинство беше предводено од СДСМ.
Но, да се зборува за родова еднаквост, за заложби и достигнувања, додека само пред неколку дена од собраниската говорница беше изречена тешка навреда и дискриминација кон жените – е крајно лицемерно и срамно!
Министерката за финансии Гордана Кочоска, со своите навредливи и понижувачки зборови, покажа крајно непочитување кон жените во општеството.
Она што е уште позагрижувачко е што не следеше никаква реакција ниту од неа ниту од Собранието ниту од Клубот на пратенички.
Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, која ја водеше седницата, остана нема, го премолче скандалот.
Овој молк е подеднакво загрижувачки како и навредите што беа изречени.
Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ во Клубот на пратенички спречија институционална реакција и осуда на дискриминацијата.
Иако првично се согласија дури и со ублажени формулации, добија наредба од партијата и истиот ден се повлекоа.
Наместо да одлучуваат жените кои се избрани тука во Собранието пратеничките на ДПМНЕ дозволија Мицкоски да одлучува за нив.
Кога молчиш пред навредите, пред дискриминацијата, тоа значи дека ги поддржуваш.
Денешната седница треба да биде простор за дебата за правата и положбата на жените, но како да учествуваме во дискусии кога истите тие кои требаше да реагираат – молчат?
Нема да учествувавме во лицемерни процеси и да прифаќаме молк пред неправдите.
Затоа, пратеничката група на СДСМ и коалицијата нема да учествува на пленарната седница посветена на 8 Март. Нашето отсуство е протест против неправдата, дискриминацијата и премолчувањето на навредите кон жените.
Дополнително, пратеничките од СДСМ и коалицијата нема да учествуваат во работата на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности во Собранието, се додека не видиме конкретна акција и осуда на навредливите изјави.
Нема да запреме со реакциите се додека таа не ја поднесе оставката или не биде разрешена!
8 Март не е само ден за честитки – туку ден за акција! Борбата продолжува!