ВИДЕО: Роберт де Ниро ќе глуми претседател на САД во политички трилер на „Нетфликс“
Неодамна „Нетфликс“ објави трејлер за минисеријата „Денот нула“ (Zero Day), возбудлив политички трилер на заговор. Креатори на серијата се Ерик Њуман, Ноа Опенхајм и Мајкл С. Шмит, а режијата е во рацете на Лесли Линк Глатер. Роберт де Ниро ќе го глуми ликот Џорџ Мулен – фиктивен претседател на САД.
Сите епизоди ќе бидат достапни веднаш за гледање на платформата „Нетфликс“, а премиерата ќе биде на 20-ти февруари, 2025 година.
Настаните се фокусирани околу замислен кибер напад. Де Ниро глуми претседател на САД во пензија којшто е повикан за да помогне во истрагата. Неговиот лик е многу комплексна индивидуа којашто за време на истрагата се соочува со сопствените демони.
Идејата за приказната настанала во 2022 година, а проектот бил одобрен од „Нетфликс“ дури во 2023 година. Глумецот е и ко-продуцент на минисеријата и тој бил многу инволвиран во секој чекор од продукцискиот процес.
Освен култниот де Ниро, во актерската екипа учествуваат и Анџела Басет, Џеси Племонс, Кони Бритон, Ден Стивенс, Лизи Каплан, Џоун Ален и други реномирани актери.