(Видео) Родителите до политичарите: Ќе горите во пеколот!
Жестока реакција на родителите од Кочани на денешниот „Марш на ангелите“. Како и секоја сабота родителите застанаа пред општината каде прашаа зошто го нема градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски да им се придружи.
Родителите меѓу другото побараа да престанат политичките манипулации и превирања на нивен грб потенцирајќи дека тие бараат само правда за нивните деца.
За крај политичарите во Македонија добија жестока порака од родителите дека ќе горат во пеколот.