(Видео) Родителите на загинатите: Загубивме прекрасни деца, бранителите на обвинетите да размислат дека и на нивните деца може исто да им се случи

Во изјави за медиумите дел од родителите на загинатите во кочанската трагедија по завршувањето на денешното рочиште истакнаа дека овој процес за нив е болен и дека им замеруваат на бранителите на обвинетите што се решиле да застапуваат обвинети во ваков случај.

– Ние загубивме прекрасни деца, паметни, воспитани, школувани. За секое од загинатите деца можеме да го кажеме истото, нагласија родителите.

Тие им замеруваат на бранителите на обвинетите што одлучиле да застапуваат обвинети во ваков случај.

– Адвокатите да размислат која пара може да го плати ова, да размислат дека истото може да им се случи и на нивните деца, велат родителите.

 

Back to top button
Close