ВИДЕО: Русите го срамнија со земја родниот град на Зеленски!

Рускиот напад врз Криви Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, предизвика сериозни штети на инфраструктурата и станбените згради.

 

Оваа информација преку Телеграм ја споделил Олександар Вилкул, шеф на Советот за одбрана на Криви Рог, пренесува Укринформ.

-Уништени се централни колектори, електрични инсталации и жици од тролејбус. Оштетени се многу станбени згради, а погодена е и една болница, изјави Вилкул.

Тој додаде дека работниците од водоводот, експертите за енергија, транспортните служби и комуналните екипи се ангажирани во расчистувањето на последиците од нападот.

-Фала му на Бога, сите се живи, заклучил Вилкул.

Back to top button
Close