(Видео) Русите објавија снимка со командантот на Црноморската флота за кој Украина соопшти дека е убиен

Украинските специјалци вчера соопштија дека го убиле главниот адмирал на Москва на Крим, заедно со 33 други офицери, во минатонеделниот ракетен напад врз седиштето на руската Црноморска флота во пристаништето Севастопол.

Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на тврдењата за смртта на адмиралот Виктор Соколов, командант на Црноморската флота и еден од највисоките офицери во руската морнарица.

На видеото објавено денеска од руското Министерство се гледа како човек кој личи на адмирал Соколов присуствува, преку видео пренос, на состанок со кој претседава министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Во долниот лев агол на снимката може да се види адмиралот.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да го коментира наводното убиство на адмиралот на руската Црноморска флота Виктор Соколов.

-Нема информации од Министерството за одбрана. Тоа е целосно во нивна надлежност и нема што да кажеме овде, изјави Песков за новинарите.

 

 

Back to top button
Close