Видео:Руска водителка: Почна Третата светска војна, треба да го демилитаризираме НАТО

Специјалната операција на Кремљ во Украина заврши и почна Трета светска војна, тврди една од главните руски пропагандисти, Олга Скабеева.

Обраќајќи им се на гледачите во нејзината емисија Росија 1, таа посочи дека Русија сега се соочува со ситуација во која ќе мора да го демилитаризира НАТО.

„Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека почна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и НАТО како целина“, рече таа.

Back to top button
Close