(ВИДЕО) Руски дрон ја погоди куполата во Чернобил, Зеленски објави видео

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руско беспилотно летало натоварено со експлозиви ја погодило безбедносната купола што ги штити остатоците од четвртиот реактор на поранешната нуклеарна централа Чернобил.

„Руски напад на беспилотно летало со боева глава со силна експлозивна моќ удри во засолниште што го штити светот од радијација во уништената четврта единица на електраната“, напиша Зеленски на X.

Оваа купола е изградена пред речиси четири децении преку меѓународна соработка за да ги задржи остатоците од катастрофата во Чернобил во 1986 година. Куполата е дизајнирана да спречи истекување на радијација и да ја заштити локацијата од опасности од околината.

Според украинските власти, нападот предизвикал оштетување на куполата

Back to top button
Close