(ВИДЕО) СДСМ: Нема одговорност за Јанушев, за Божиновска, за Гаши. Мицкоски заборави на политичката одговорност, ДКСК молчи

„За само два месеци се случија серија скандали на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а одговорност нема за никого. ВМРО-ДПМНЕ на големо ја врати неказнивоста која беше главна карактеристика на Владата на Груевски. Прашање на време е кога ќе ни се случи некој нов Диме Спасов кога со апсурни објаснувања ќе се штитат политичарите од власта“, кажа Кузеска.

На прес-конференцијата таа потсети и побара уште еднаш одговорност, за како што кажа „сите скандали кои се случија, а кои ВМРО-ДПМНЕ сака да ги сокрие“.

„Нема одговорност за Јанушев кој си лапнал поклон од 325.000 евра. До каде е ДКСК со случајот? Нема одговорност за Сања Божиноска која е фатена во два скандали и која се скри од јавноста мислејќи дека ќе се заборават скандалите поврзани со нејзината работа во приватниот сектор. Одговорност ниту промена на министерката нема.

Нема одговорност за Гаши, за началниците на границата, за министрите, за партиски кадри кои се фатени во криминал.

Мицкоски пропушти шанса на дело да го докаже она што го ветуваше, а тоа е одговорност за сите функционери кои ќе направат злоупотреба на функцијата. За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е мисловна именка политичката одговорност. Затоа сега кога го гледаме како секој ден најавува нешто и споменува одговорност, нека си ја погледне прво неговата Влада, неговите кадри и неговите скандали“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Back to top button
Close