(ВИДЕО) Се поплави Државниот архив на Република Македонија
Порталот Инфомакс објави видео, каде што се гледа како во Државниот архив на Република Македонија од дождот кој го зафати Скопје последниве денови, пропаднал таванот и вода тече во просториите на архивот.

Поради оваа ситуација и негрижата од страна на институциите, во Државниот архив се поплавени илјадници документи од големо значање на нашата држава.
Просториите во институцијата се поплавени, а со нив и сите документи кои се таму.