(ВИДЕО) Се запали 35-катница во Дубаи

Пожар избувна рано утринава во 35-катница во Дубаи, недалеку од Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, јавува агенцијата АП.

Засега не е познато дали има повредени во пожарот во станбената зграда, кој во меѓувреме е изгаснат.

На снимката која се споделува на Твитер е видливо како огновите брзо се прошириле по вертикалата на зградата.

 

Back to top button
Close