(ВИДЕО) Шилегов: Казната од 45 евра за возачот на „бентлито“ е само првична, ќе поднесеме и кривична пријава
Градоначалникот Петре Шилегов денеска изјави дека казната од 45 евра за возачот на автомобилот со марка „бентли“ кој помина низ новогодишниот декор на скопскиот плоштад е само првична, односно дека против него ќе се поднесе кривична пријава за загрозување на безбедноста на сообраќајот.
– Вчерашната снимка беше скандалозна. Глобата од 45 евра која ја објавив вчера не значи дека туку завршува работата околу санкционирање на лицето. Ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи има елементи за загрозување на безбедноста на сообраќајот – изјави Шилегов.
Тој истакна дека Јавното обвинителство понатаму ќе постапува во врска со овој случај.
– Ќе го држиме обвинителството под око и ќе ја следиме ситуацијата со овој случај – порача Шилегов.