(ВИДЕО) Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

Вели „Слушаме дека е формиран некаков кризен штаб. Но за вистинско решение се потребни натпартиски луѓе, експерти кои со години имаат искуство со менаџирање и управување со отпад. Битни се граѓаните и битно е веднаш да се пристапи кон решавање на проблемот“.
„Не како што прави Орце Георгиевски, не како што прави ВМРО-ДПМНЕ, со бегање од народот и без преземање мерки чадот и опасноста од Дрисла нема да се решат. Фактичката состојба најдобро покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неспособна. Ветуваа паркови, ветуваа јавно-приватно партнерство за лични бизниси и профит, а вистинско решение за справување со отпадот нема. Затоа, предлагам веднаш да се формира натпартиски стручен штаб и да се делува по план. Јас веќе разговарав со неколку експерти, тие се подготвени да помогнат“ рече Шукова.