(ВИДЕО) Шукова: Визијата за Скопје започнува со современи, безбедни училишта за децата и поддршка за наставниците

Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Град Скопје, на првиот училиштен ден од новата учебна година ја посети гимназијата „Никола Карев“, и испрати порака за важноста на образованието и како и поддршка на младите, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Почетокот на септември секогаш носи нови предизвици, нови знаења и нови пријателства. Верувајте во себе, бидете упорни и љубопитни, затоа што секој од вас носи огромен потенцијал“, изјави Шукова, обраќајќи се до учениците.

Посетата на нејзиното поранешно училиште, за неа, како што рече има посебно значење:

„Тука се родија моите први соништа. Ниту една пречка низ школските денови не ме обесхрабри. Учете и верувајте дека образованието ви ги отвора вратите кон вашата иднина.“

Шукова нагласи дека нејзината визија за Скопје како град на млади и перспективни луѓе почнува токму од квалитетното образование.

„Образованието мора да биде темел на развојот на Скопје со современи училишта, поддршка за наставниците и безбедна, здрава средина за децата. Ќе вложиме сериозно во програми против булинг, затоа што ниту едно дете не смее да се чувствува осамено или запоставено“, рече таа.

Таа додаде дека младите не се само иднината, туку и сегашноста на градот:

„Сакам училиштата да бидат места што ќе инспирираат, а не само институции каде се стекнува знаење.“

Шукова вети дека ќе работи на враќање на довербата во училиштата и кај младите и кај родителите.

„Само така можеме да изградиме Скопје во кое сите ќе сакаме да живееме“, порача таа.

Таа на сите ученици им посака успешна учебна година: „Среќен почеток!“

 

Back to top button
Close