ВИДЕО: Шумски пожар во јужна Италија принуди евакуација на туристички ресорт

Цел туристички ресорт во јужна Италија, во кој имало околу илјада туристи, денеска е евакуиран поради сериозен шумски пожар, пренесе ДПА.

Луѓето биле доведени на безбедно од комплексот Баја Сан Феличе во близина на малиот град Виесте на брегот на Јадранското Море бидејќи пламените јазици опасно се доближиле.

Огнената стихија ја гаснеле неколку противпожарни единици. Биле користени и авиони, но засега без голем успех.

Локалните власти соопштија дека силниот ветер го насочил огнот кон одморалиштето. Туристите биле сместени во два други туристички објекти во близина и во локална училишна гимназија. Многу од нив се деца.

Температурите во јужна Италија повеќе денови се над 30 степени Целзиусови, а дожд речиси воопшто не заврнал во последните недели

Back to top button
Close