(Видео) Силен земјотрес почуствуван во Кабул и северен Пакистан


Авганистан вечерва беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, пренесе EMSC.

Земјотресот е регистриран во областа Хиндукуш, на длабочина од 186 километри, а освен во Авганистан, почувствуван е и во неколку околни земји.

Граѓаните на Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија известуваат дека го почувствувале земјотресот.

Британските медиуми пренесуваат дека очевидци наведуваат дека тлото во авганистанската престолнина Кабул и делови од северен Пакистан силно се треселе.

Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча.

Back to top button
Close