ВИДЕО: Скопјанка и украински политичар жртви на онлајн измама, лажната љубов ја чинела скопјанката 40.000 евра

Средовечната жена откако се зближила со странецот преку социјалните мрежи го продала станот и се задолжила за да му помогне финансиски. Колку и да звучи неверојатно, се‘ поголем е бројот на жртви коишто наседнуваат на слични измами, но тие најчесто молчат за да не бидат осрамотени. Потребно е да се охрабрат и да ги пријават делата за да се сузбие овој вид криминал за кој известува „Само прашај“.

Украинскиот заменик министер за стратешки индустрии Немилостиви Виталиј Олександрович се изненадил кога „Фејсбук“ побарал да го потврди неговиот идентитет. Тој не знаел дека неговите фотографии ги искористил меѓународен измамник којшто од скопјанка изнудил 40.000 евра онлајн претставувајќи се како лекар од САД за кој известува „Само прашај“.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Зоран Догов
Монтажер: Борче Крстевски

Back to top button
Close