Видео:Снимен е моментот на детонација на бомбата пред турското МВР


Турскиот министер за внатрешни работи денеска  изјави дека двајца терористи извршиле бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, при што едниот напаѓач е убиен, а другиот неутрализиран, пренесуваат медиумите

Турските медиуми претходно јавија за експлозија во близина на зградите на парламентот и министерството.

Тоа беше „терористички напад“, изјави министерот Али Јерликаја.

„Двајца терористи во воено возило се појавија околу 9:30 часот пред влезот на Генералната дирекција за безбедност на нашето МВР и го извршија нападот“, рече Јерликаја.

Двајца полицајци се полесно повредени, додаде министерот.

Back to top button
Close