ВИДЕО: Снимен е “шумскиот фантом” – балканскиот рис за кој се веруваше дека е истребен
„Скокав од среќа, два метри на место. Многу ми е мило што успеав да го најдам“, изјавил Семир Кардовиќ, планинарски водич од Рожај, кој веќе една деценија бара доказ за балкански рис на територијата на Црна Гора, во соработка со локални и меѓународни организации, пишува српски „Јуроњуз“.
Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора (ЕПА) соопшти дека веста дека е забележан рис на територијата на Црна Гора е одлична и дека сега се очекува потврда за присуство на репродукција, односно мајка со млади.
Во тој момент можеме да сметаме дека овој „шумски фантом“ се вратил во црногорските диви шуми“, велат од агенцијата
ВИдео: instagram/ svemir_yeti