(ВИДЕО) Снимил дека ниту еден од хидрантите во прилепската болница нема црево! Обезбедувањето го фатило за врат, му викнале полиција …
Инфомакс објави видео на кое човек раскажа дека денеска бил нападнат од страна на обезбедувањето на прилепската болница бидејќи снимал дека хидрантите во болницата немаат црево, односно се нефункционални.
Видеото кое можете да го погледнете подоле, покажува дека ниту еден од хидрантите нема црево, а во хидрантите има сместено отпад, остатоци од јогурти и слично.
– Ја чекав сопругата на преглед, немаше други лица, дури ја чекав забележав дека хидрантот е отворен и има два јогурти внатре, дека има неправилности, дека е опасно да нема во болница таква работа, може да се случи Кочани, или било кое друго место.
Сликав, снимав и објавив на социјалните мрежи и по 10 минути дојдоа сестри, ме прашаа зошто сум објавил, го објавив и еве сега викнаа обезбедување со комбе и не ме пушташе обезбедувањето да заминам, ме фати за врат. Немаше лица никаде на видеата, секаде беа отворени хидрантите. Обезбедувањето викна полиција, даде изјава, во прилеп, во болницата Борка Талевски, истакна гледачот во своето обраќање кое го испрати до Инфомакс.