(Video) Со 2 милијарди евра заем – јавниот долг ќе биде 64,7%, Фискален совет: Со британскиот кредит ќе расте јавниот долг

Кредитот од Обединетото кралство ќе го зголеми јавниот долг на земјава – алармира Фискалниот совет. Пресметките се правени на две сценарија и на заем од само 2 од планираните 6 милијарди евра. Па така, со првото сценарио, ако државата од 2027 до 2029 поинтензивно се задолжува, долгот ќе скокне дури до 64,7 %од БДП. Во овој случај годишното задолжувањето би достигнало до 667 милиони евра.Со второто кое според Советот е поиздржано сценарио, ако државата од 2027 до 2032 се задолжува поумерено долгот би бил 63 % од БДП. Или годишно би се задолжувале до 400 милиони евра.

-Овдека се вклучени оние информации што до денеска ги имаме на располагање, а тоа е законот што се усвои во парламентот меѓутоа не со конкретни податоци, не со конкретни у услови за задолжување затоа што истите не се објавени ги немаме. Но, ние направиме хипотетички претпоставки што би било кога би се задолжиле за дополнителни две милијарди евра и тие сценарија се дадени, изјави Глигор Бишев, Фискален совет.

Од Советот апелираат дека е потребна фискална консолидација. Не се загрижени од собирањето на парите од даноци во државната каса. Велат тој дел оди добро, со мало потфрлање кај парите од ДДВ. Но проблем е тоа што најголем дел од буџетот оди за социјални трансфери.

-Две третини од целокупните јавни расходи се наменети за социјални фондови и социјална заштита. Значи ако ги земеме вкупната компонента во расходната страна на буџетот, буџетот ни е доминантен со социјална компонента. Многу малку ни останува дел за економската компонента, Абдулменаф Беџети, Фискален совет.

Потенцираат дека се неопходни реформи за раст на економијата.

Националната стратегија за развој покаќува дека без структурни реформи државата нема да мрдне напред, односно просечниот раст на БДП ќе биде меѓу 2,5 и 3%. Додека реформите би го зголемиле растот на економијата

Back to top button
Close