ВИДЕО од безбедносните камери: Со бензин ја запали дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило

Во бараките на ЈП „Паркови и зеленило“ доцна синоќа избил пожар во кој биле зафатени околу 20 метри квадратни.

Од Пожарна за МИА информираа дека добиле повик триесетина минути по полноќ и итервенирале до 1:40 часот. На терен изглегле тројца пожарникари со едно пожарникарно возило.

Од ЈП Паркови и зеленило тврдат дека пожарот е подметнат, а како доказ објавија видео на социјалните мрежи.

-Веднаш на лице место излезе увидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од непознат сторител. ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата, се вели во дописот од Претпријатието.

 

 

 

 

 

Back to top button
Close