(Видео) Со пикап во уцесниците на парадата на гордоста во мајами.Еден поцина

Во текот на саботната Парада на гордоста во Мајами, САД, пикап удри во двајца пешаци, едниот го усмрти, а другиот е повреден, соопшти локалната полиција.

– Двајцата мажи се однесени во здравствениот центар Бровард, каде едниот почина – изјави детективката Али Адамсон. Другиот се очекува да преживее.

Таа потврди дека ФБИ помага во истрагата, но одби да каже дали истражителите веруваат дека инцидентот бил намерно предизвикан

– Засега ги проценуваме сите опции – додаде Адамсон, но вели сите опции се отворени.

На видо-снимката на локалната телевизија, кои ги прикажа „Си-ен-ен“, по инцидентот се гледа како едно машко лице е спроведено во притвор, но Адамс не сакаше да потврди дали тој е осомничен за несреќата.

 

Back to top button
Close