(ВИДЕО) Сомнеж за обид за атентат: Бомба поставена во возило кое го обезбедувало Ердоган

Откако била пронајдена, бомбата веднаш била деактивирана од страна на тим за отстранување на бомби на турската полиција.

Турските медиуми вечерва пренесуваат за можен спречен обид на атентат врз тамошниот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Според овие информации, под еден полициски автомобил кој обезбедувал собир на претседателот Ердоган во градот Сирт била пронајдена бомба.

Експлозивната направа била пронајдена само неколку моменти пред почетокот на митингот.

Откако била пронајдена, бомбата веднаш била деактивирана од страна на тим за отстранување на бомби на турската полиција, пренесува турската агенцика „КАРАР“.

Вештаци ја скенирале експлозивната направа и полициското возило во потрага по отпечатоци на прстите, а истрагата за наоѓање на сторителот е во тек, јавуваат локалните медиуми.

Back to top button
Close