(Видео) Сопственикот откри што го предизвикало пожарот во „Baking Bread“ на Рекорд: Нема ни денар да побарале од осигурителната компанија!

Screenshot

Пожар избувна вчеравечер во познатиот угостителски локал „Baking Bread“ на улицата „Димитрие Чуповски“ кај Рекорд, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда во центарот на Скопје. Благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада, огнот беше локализиран и изгаснат пред да се прошири кон останатиот дел од објектот.

По настанот, сопственикот Мише Цвејевски се огласи на социјалните мрежи, посочувајќи дека никој не е повреден и дека благодарение на обученоста на вработените и брзата реакција на пожарникарите биле избегнати поголеми последици.

„Фала Богу, никој не е повреден. Благодарение на обуката што ја имаат нашите вработени за вакви ситуации, нивната брза реакција, како и брзата интервенција на момците од Противпожарната бригада, избегнати се поголеми последици. Големо благодариме до нив за професионалноста и брзата реакција“, напиша Цвејевски.

Тој откри дека пожарот бил предизвикан од мало невнимание при рутинска промена на маслото во една од фритезите.

„Штетата е мала и очекуваме за неколку дена повторно да бидеме отворени“, соопшти сопственикот.

Воедно, Цвејевски ги демантираше шпекулациите што се појавија на социјалните мрежи дека пожарот бил намерно предизвикан за наплата на осигурување.

„Сакаме јасно да кажеме дека Baking Bread нема да побара ниту еден денар од осигурителната компанија. Штетата е мала и ќе ја санираме сами“, порача тој.

Во пожарот нема повредени лица, а причините за настанот, според сопственикот, се сведуваат на несреќен сплет на околности при редовно одржување на опремата.

Back to top button
Close