(ВИДЕО) Спасувачка акција над Лазарополе: заглавени работници изгубиле и телефонски контакт, полицајци цела ноќ ги барале и извлекувале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 биле успешно извлечени откако синоќа останале заглавени во длабок снег над селото Лазарополе, во близина на базна станица на операторот, информира Министерството за внатрешни работи.

Screenshot

Случајот бил пријавен во СВР Тетово вчера околу 23:30 часот, при што било наведено дека со лицата не може да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, информацијата била проследена до Полициското одделение Ростуше и биле активирани специјализирани спасувачки екипи.

Во акцијата учествувале припадници на Одделот за специјални полициски операции, униформирана полиција при МВР, како и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, тимовите се упатиле кон тешко пристапната локација.

Денеска околу 08:30 часот, лицата биле пронајдени и безбедно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило „VW Amarok“ со скопски регистарски ознаки.

Тие биле лоцирани на местото познато како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на селото Лазарополе.

Back to top button
Close