(ВИДЕО) Спектакл за крај – Том Круз скокна од покривот на Сент Дени и ги “однесе” Игрите во Лос Анџелес

 

62-годишниот Том Круз се спушти со јаже на стадионот за време на подигнувањето на американското знаме и интонирањето на американската химна на официјалната церемонија на затворањето на Олимписките.

 

Потоа го зел знамето и со мотор се „упатил“ во Лос Анџелес пред да скокне од авион и да позира покрај знакот на Холивуд во однапред снимена секвенца.

 

Олимписките игри во Париз официјално се затворени. Традиционалната церемонија на затворањето се одржа на францускиот национален стадион. На церемонијата беа вклучени повеќе од 100 танчери, циркуски уметници и други изведувачи.

 

 

Уметничкиот директор Томас Џоли откри дека церемонијата на затворање била замислена како „комбинација на чудо и дистопија“, а како дел од церемонијата, „Златниот патник“ се спуштил на стадионот и ги водел гледачите низ историјата на Олимписките игри, додека акробатите ги подигнале познатите пет прстени на Игрите.

Свеченото затворање го одбележаа настапите на француските бендови, како и претходно подготвените снимки од настапите на американските ѕвезди кои најавија одржување на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

 

Back to top button
Close