(ВИДЕО) Српски коментатор заплака за време на минутата молк за настраданите во Кочани

Фудбалската репрезентација на Србија во Белград играше реванш меч од плејофот од Лигата на нации против селекцијата на Австрија.

На социјалните мрежи актуелно е видео со коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ, кој не можеше да ги задржи емоциите пред почетокот на мечот, кога фудбалерите на двата тима со минута молчење им оддадоа почит на жртвите во големата трагедија која се случи во Кочани.

Минута молк имаше и во знак на почит за фудбалерите Андрија Делибашиќ и Радиша Илиќ, на Душан Маравиќ и Вукашин Црнчевиќ кој е 16-та жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад:

Back to top button
Close