(Видео) Страшна експлозија во Холандија – се урнаа неколку згради

Експлозија предизвика голем пожар во Утрехт.

&

Неколку лица беа повредени откако голема експлозија предизвика пожар во зграда во центарот на Утрехт, еден од најголемите градови во Холандија, во четврток попладне.

„Неколку згради се урнаа по експлозијата. Четири лица беа повредени и однесени во болница на лекување“, објавија локалните власти на нивната веб-страница.

Пожарот сè уште беснееше во четврток вечерта. Не е познато дали сè уште има луѓе во зградата што беше зафатена од пламен бидејќи не беше безбедно пожарникарите да влезат во неа.

„Не сме сигурни дали сè уште има луѓе заробени под урнатините. Полицијата работи напорно на истрагата“, рече градоначалничката Шерон Дијксма.

Локалните власти соопштија дека имало голема штета во густо населениот дел од градот и додадоа дека причината за експлозијата сè уште е непозната.

Жителите кои мораа да ги напуштат своите домови од безбедносни причини беа сместени во хотел во близина.

Back to top button
Close