(Видео)Тајгер Вудс се бори за живот по доживеана тешка сообраќајна несреќа

Најдобриот голфер на сите времиња, легендарниот Тајгер Вудс доживеа тешка сообраќајна несреќа денеска во близина на Лос Анѓелес, по што се бори за живот, пренесуваат американските медиуми.

45-годишниот Вудс бил сам во автомобилот кој при голема брзина излетал од регионален пат. По страотната несреќа пожарникари го ваделе од автомобилот, па веднаш е префрлен во клинички центар каде во моментов докторите се борат за неговиот живот.

„Возачот на автомобилот загубил контрола над истото и излетал од патот. Автомобилот е навистина премногу оштетен, а господинот Вудс е префрлен во болница. Бил само автомобилот, тоа е единствено нешто што може да ви го кажам во моментов“ – вели локалниот шериф.

 

Извор:Ekipa.mk

 

Back to top button
Close