(ВИДЕО) Телевизиски водител се расплака додека објавуваше за смртта на Хамнеи

Водител на иранските државни медиуми се расплака додека ја објавуваше смртта на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој го загуби животот во заедничките напади спроведени од САД и Израел во саботата. Ирански водител се расплака додека ја објавуваше смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот.

„Бог е голем. Бог е голем. Со длабока тага, на нацијата на Иран ѝ се соопштува дека великиот ајатолах Али Хамнеи, врховен лидер на Исламската револуција, денес беше маченички убиен во заеднички злосторнички напад од страна на САД и ционистичкиот режим“, изјави водителот додека ја објавуваше смртта на Хамнеи.

Други може да се слушнат како плачат надвор од екранот во студиото додека водителот ја информира нацијата за смртта на Хамнеи.

Извор: fokus.mk 

Back to top button
Close