ВИДЕО: Тепачка во Бугарија поради масло на промоција, еден човек почина

Промоцијата од 2,99 лева за шише масло доведе до огромни редици во многу продавници низ Бугарија. Седумдесет и четиригодишен маж почина во Бургас додека чекаше да му дојде редот.

И покрај неговата смрт, луѓето продолжуваат да бараат и купуваат зејтин во продавницата.

Тој починал додека чекал ред за масло во еден од големите хипермаркети во комплексот Славејков во Бургас. На местото на настанот пристигнала брза помош која констатирала смрт.

Мештаните се револтирани што со часови чекаат да дојдат до зејтин во продавницата. Слична е ситуацијата и пред сите поголеми хипермаркети од истиот ланец во Бургас.

„Човекот почина во продавницата. Тој беше турнат и му се слоши. Беше лудо. Луѓето велеа дека паднал, помодрел и умрел. Редот беше огромен“, вели една од жените кои пазареле во продавницата.

Потрошувачите објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледаат луѓе кои трчаат до вратите на продавницата во областа Света Троица во Софија за да ја „фатат“ промоцијата.

 

Back to top button
Close