(Видео) Тој е вампир кој ми го исцица животот, рече бившата на Путин за рускиот претседател

Поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила Александрова Путин, реле деја не секогаш ѝ било пријатно додека била во брак со него. Таа на својата пријателка Ирина Пич ѝ се исповедала дека понекогаш тој бил толку студен што чувствувала како полека да и го исцицува животот.

„Не пие и не ме тепа, но тој е вампир кој ми го исцица животот“ ѝ рекла Људмила на Ирена, додека пак Путин за Људмила рече дека секој кој ќе поминел три недели со неа заслужува да му се подигне споменик.

Двајцата поминаа 30 години во брак и ги имаат двете ќерки Марија (36) и Катерина (35). Путин стана првиот претседател на Русија, кој се разведе од сопругата за време на мандатот.

Тие објавија крај на бракот во 2013 година откако и двјацата беа да ја гледаат балетската претстава Емсералда во Кремљ. Тие се појавија пред новинарите и ноншалантно им кажаа дека е готово сонивниот брак.

Изјавата толку ги изненади сите, што на едно од видеата може да се слушне една од новинарките која не можеше да поверува што слушна, па повторно мораше да ги праша дали е тоа вистина.

Објавата за разводот пред камерите за многумина беше бизарна, особено начинот на кој тоа Људмила го кажа. Многу теоретичари потоа шпекулираа дека таа била присилена да зборува само убаво за нејзиниот поранешен сопруг.

„Се разведуваме затоа што многу малку време поминуваме заедно. Нашите деца се пораснати и имаат свои животи. Сите си тераат како сметаат дека треба. Сакам да му се заблагодарам на Владимир Владимировиќ за поддршката, секогаш ќе бидеме пријатели“, рече тогаш Људмила.

Путин пак тогаш рече дека заедно израснале прекрасни деца кои се образувале во Русија и кои сега имаат свои животи и дека родителите не им се потребни. Во краткиот разговор со новинарите тие рекоа дека станува збор за цивилизиран развод.

Начинот на објавата ги остави сите без текст. Во тоа време на големо се шпекулираше и дека Путин ја изневерил Људмила со Алина Кабајева. Тие не потврдија ниту пак негираа, а шпекулациите одеа дотаму што се зборуваше дека тој се оженил со неа и добил деца.

Људмила ретко говори за својот поранешен сопруг. Таа се обидува по разводот да се сокрие од јавноста, но и понатаму понекогаш дава изјави во кои укажува на тоа дека никогаш не ѝ било пријатно со Путин.

Наводно Путин кон неа се однесувал толку студено, што кога доживеала сообраќајна несреќа, тој не сакал ниту да ја посети туку само ѝ испратил цвеќе во болница.

Од тогаш Путин станал сè полош и полош. Руските медиуми се обидуваат да дојдат до информации за бројот и идентитетот на неговите деца, како и некои интересни работи од неговиот живот, но Путин таквите медиуми и новинари веќе со години ги прогонува.

Back to top button
Close