(ВИДЕО) Торта и милкшејк му фрлија во лице на главниот преговарач на Курти во Охрид

Активисти на вонпарламентарната Социјалдемократска партија на Косово (ПДС) фрлаа чоколадна торта и милкшејк кон вицепремиерот задолжен за дијалог со официјален Белград, Бесник Бислими.

Џемајл Реџа на Твитер објави видео од „нападот по торта“ на кое се гледаат активисти како пред влезот на зграда фрлаат парчиња торта кон Бислими, извикувајќи „честитки за Заедницата на српските општини“.

Колач и милкшејк за „заедницата“. Тие што го прифатија се радуваат! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме и масовно ќе бараме нивна оставка“, му порачаа активистите.

Бесник Бислими е вицепремиерот на Косово, Албин Курти и еден од водечките луѓе на косовската страна во преговорите меѓу Приштина и Белград.

На маса е германско-францускиот предлог за решение на косовското прашање, а во него меѓу другото е вклучено и формирање Заедница на српски општини, на што Косоварите остро се противат.

Back to top button
Close