(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Или пак ќе прислушкувате или се сомневате во граѓаните

Партизацијата на Советот за граѓански надзор над следењето на електронските комуникации и работата на безбедносните служби покажува дека или планирате повторно да прислушкувате или се плашите од граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески во прашање до премиерот Христијан Мицкоски.

– Грубата партизација на сите јавни должности чие именување или избор зависат од волјата на мнозинството продолжија и во Советот за граѓански надзор над следењето на електронските комуникации и работата на безбедносните служби. Сите членови на ова тело се партиска испостава на владејачката коалиција, поранешни пратеници или истакнати партиски активисти. Небаре избирате општински комитет, а не граѓанско тело. Ова укажува на најмалку две претпоставки, или планирате повторно да прислушувате како во времето на режимот, или сте почнале да се сомневате во довербата на граѓаните и затоа не ризикувате со автентични граѓански решенија, туку играте на сигурно со „хард кор“ партиски именувања. Класичен упад во надзорот на мерките за следење на комуникациите, рече Трајчулески

Back to top button
Close