(Видео)Трамп: Мојот син беше позитивен на коронавирусот, а за 15 минути оздрави

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот 14-годишен син Барон се заразил со коронавирус и оздравел за само 15 минути.

Трамп ова го соопшти пред своите поддржувачи на собирот во Мартинсбург, во Пенсилванија

Американскиот претседател и неговата сопруга Меланија беа заразени со коронавирусот на почетокот на овој месец, а тој неколку дена беше хоспитализиран во болницата „Волтер Рид“.

Трамп набрзо потоа на предизборен митинг се пофали со „силниот имунитет на неговиот син“. Претседателот на САД прераскажа и наводен разговор со докторот за позитивниот тест на Барон на коронавирус.

„Го прашав докторот што се случува, а тој ми одговори дека Барон е позитивен. Петнаесет минути подоцна, го прашав докторот како е Барон, а тој ми одговори: Оздравен е“, изјави Трамп, по што многумина се насмеаа.

Аналитичарите сметаат дека Трамп го користи ова за да ги натера локалните власти да ги отворат училиштата, а наводното брзо опоравување на Барон, претседателот на САД започна да го споменува се почесто.

„Да ги вратиме учениците во училиштата. Добивме позитивен тест и 15 минути подоцна докторот рече дека Барон е добро“, изјави Трамп на митинг и во саботата.

Американската акдемија за педијатрија во понеделник соопшти дека 792.000 деца во САД се заразени со коронавирус, што претставува 11 отсто од сите заразени. Во извештајот исто така се истакнува дека не е вообичаено за деца односно дека е исклучително ретко да завршат во болница заради компликации од ковид-19 или да умрат од коронавирусот.

Back to top button
Close