ВИДЕО: Тргнал накај Данска со торба Трамадоли

Мобилен тим спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“ откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничниот премин Табановце, велат од Царинската управа.

„Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извади својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичената ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е забележан од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат за детаљна контрола. Во неговиот личен багаж, во ракавите на блузи, ногавиците на фармерки и во чорапите се откриени вкупно триста педесет и девет ленти по десет апчиња ‘дорета’, кои содржат 75 мг трамадол хидрохлорид“, додаваат од Царинската управа.

 

 

Како што додавааат, случајот инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија – Данска.

„Против патникот, инаку македонски државјанин, е поднесена соодветна пријава“, завршуваат од Царинската управа.

Back to top button
Close