(Видео) Уредничката која упадна во етер: Срам ми е што сум дел од пропагандата на Кремљ

Марина Овсијаникова која денеска упадна во програма во живо на руската телевизија „Прв канал“ пред упадот снимила видео порака на социјалните мрежи во која порачува дека и е срам што работела за пропагандата на Кремљ. Таа е вработена во телевизијата како уредник.

– Она што се случува во Украина е криминал и Русија е агресорот. Одговорноста за ова лежи кај еден човек, Владимир Путин. Татко ми е Украинец, а мајка ми Русинка. Тие никогаш не биле непријатели. За жал изминатите неколку години јас работам во „Прв канал“. Јас ја спроведував пропагандата на Кремљ и се срамам од тоа: што дозволував луѓе да жалат преку ТВ екраните, рече таа.

Откако таа се појави зад водителката со плакат на кој пишуваше „Не на војната. Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Овде Русите ве лажат за војната“, била одведена во полиција.

Back to top button
Close