(Видео) Утрово солзи во Кочани: Родителите ги гушкаат срцињата со имињата на своите деца

Утрото во Кочани не осамна како секое друго. Тишината на градот ја прекинуваат само чекорите на родители кои со треперливи раце ги допираат малите срциња поставени во спомен на нивните деца. Секое срце носи име, спомен и љубов што никогаш нема да згасне.
Мајки и татковци се наведнуваат над нив, ги гушкаат како да се вистински гради на нивните деца, а солзите тивко паѓаат врз нив. Во тие прегратки има болка што не се опишува со зборови, но и љубов што ниту времето ниту тагата не можат да ја избришат.
Кочани утрово дише со тешко срце. Но во секое оставено срце живее споменот на едно детство, на една насмевка, на живот што засекогаш ќе остане во срцата на своите родители и на целиот град.
Видео плејер






