(ВИДЕО) Ужасни снимки по земјотресот во Мјанмар: затрупани луѓе, разурнати згради и патишта

Почнаа да пристигнуваат првите извештаи за загинати и исчезнати по разорниот земјотрес утрово во Мјанмар. Според информациите, бројката ќе расте со оглед на штетата која настанала од многу силниот потрес.

Локалниот медиум „Кит Тит“ објави дека најмалку 10 луѓе загинале при уривање на џамија во Мандалеј. Уништени се згради и во Мјанмар и во Банкок, уништени се и патишта поради што отежнат е сообраќајот.

Извештаите од терен покажуваат дека потреси се почувствувани во главниот град Најпидау, како и во најголемиот град Рангун. Некои училишта и канцелариски згради во Најпидав исто така се урнати.

Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како луѓето бегаат од зградите во Бангкок и се собираат на улиците.

Тајландскиот премиер Фетонгтаин Шинаватра прогласи вонредна состојба во Бангкок, каде што се урна 30-катница во изградба, при што едно лице загина, а 43 работници останале заробени под урнатините.

Епицентарот бил во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри и на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, а земјотресот се случил утринава во 6 часот и 20 минути или 13 часот и 20 минути по локално време, објави Ројтерс

Back to top button
Close