Министерството за одбрана на БиХ проверува наводна кражба на 150 тони нафта од касарната во Нов Травник


Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина соопшти дека врши проверки за наводно исчезнатото гориво од складиштето на Вооружените сили на БиХ „Стојковиќи“ во Нов Травник, а за утврдување на фактите е формиран специјален тим.

Босанските медиуми вчера објавија дека постои сомнеж дека од складиште на касарната се украдени дури 150 тони нафта.

Во соопштението на МО на БиХ се истакнува дека веднаш по добивањето на првите информации од надлежната команда на Вооружените сили на БиХ, преземени се активности во рамките на надлежноста на МО со цел утврдување на сите релевантни факти и околности поврзани со овој настан. И оти утврдување на фактите е во тек.

Back to top button
Close