(ВИДЕО) Васил Јованов, кој ја прегази Фросина, денеска на седница во Апелација по обвинение за трговија со дрога

Станува збор за постапка што се води пред повисока судска инстанца, каде Обвинителството поднсе жалба на пресудата од Основниот суд, кој претходно го прогласи виновен и му изрече казна затвор. На денешната јавна седница во Апелација, присутни беше и неговиот бранител, кој се противи на повисока казна за неговиот клиент.

Страната на Обвинителството и строгата казна ќе ја брани вишата обвинителка Фатиме Фетаи.

Според обвинението во овој случај, Јованов се товари дека бил вмешан во дистрибуција на дрога.

За ова дело, Јованов беше осуден на воспитна мерка како постар малолетник, а потоа, Апелација му ја зголеми казната на 3 години и 10 месеци. Случајот заврши пред Врховниот суд кој ја укина второстепената пресуда поради тоа што не се одржала јавна седница, а Јованов немал можност да се брани.

Претходно, Јованов доби 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин(skopje1)

Back to top button
Close