(Видео) Вербално нападнат синот на Кралицата додека одел зад нејзиниот ковчег

Принцот Ендру бил вербално нападнат додека одел зад ковчегот на својата мајка, кралицата Елизабета Втора, на улиците на Единбург, Шкотска, пренесувааат агенциите.

Испадот на еден од присутните, според написите, се случил за време на поворката од палатата „Холирудхаус“, каде што телото на кралицата беше однесено од замокот Балморал во саботата до катедралата „Сент Гилс“ пред богослужбата.

За време на официјалното покривање на поворката, еден млад човек бил снимен како извикува „Ендру! Ти си болен старец!“ пред радиодифузерите да го исклучат звукот. Неидентификуваниот маж бил извлечен од кадарот на камерата, а членовите на толпата по испадот извикувале: „Боже, спаси го кралот“, пишуваат светските гласила.

Ендрју одел во поворката заедно со своите браќа, кралот Чарлс III и принцот Едвард, и сестрата, принцезата Ана. Сите тројца, според написите, беа облечени во униформи на вооружените сили. Но, тој не го стори тоа бидејќи мајка му му ги одзеде военото покровителство и должностите во февруари по скандалот со сексуалниот напад.

Back to top button
Close